Најбрзо се продаваат најскапите станови

103

Во Загреб се продаваат дури 95% од новоизградените станови и тоа по цена обично повисока од 3.000 евра за метар квадратен, а најдобрите градежни компании во исто време имаат долга листа на потенцијални купувачи дури и за неизградените станови, пишува Privredni.hr.

Според експертите, кај купувачите голема улога игра угледот на градежната компанија што ги гради становите. Компаниите коишто со години го граделе својот углед и кои нудат квалитетна градба, без никакви проблеми ги продаваат становите, но и деловните простории. Во секој момент имаат голема mailing листа на можни купувачи иако проектите им се во финална фаза, градбата не е воопшто почната, а цената за метар квадратен достигнува астрономски износ.

Најновите податоци покажуваат дека просечна цена на метар квадратен во новоградба во Загреб минатата година беше 2.700 евра, а продадени се 95% од становите понудени на пазарот. Новите станови се поскапи ако се поблиску до централното градско подрачје, а на периферните делови од градот становите се продаваат по цена од околу 2.000 евра. Од друга страна, просечната цена на половен стан во Загреб е нешто над 1.500 евра. Се продава секој шести стан, а интересот за нив е преголем.

Фото: Pexels