Најчести лаги во биографиите на кандидатите за работа

13

cv

Фото: Pixabay

Како тазе дипломиран човек може да добие работа, кога компаниите бараат да ги вработат само оние со искуство? Одговорот не е во претерување или во лажење во вашата биографија. Според една анкета спроведена од CareerBuilder, овие се некои од најчестите лаги што се сретнуваат во биографиите:

Разубавени одговорности (38%)

Ако се квалификувате за одредена работа којашто не е поврзана со работното искуство што го имате, може лесно да ве стави во искушение да ги фабрикувате работните задачите што всушност не сте ги направиле.

Вештини (18%)

Ова ги вклучува техничките вештини, специфични работни вештини и јазични способности. Вештините и техничките способности тешко можат да се потврдат со едноставно интервју – уште една причина голем број кандидати да се извлечат со лажни информации. Понекогаш вештините не се релевантни за работата, но во секој случај може да го направи кандидатот да биде импресивен на хартија.

Академско образование (10%)

Лажни дипломи и училишта е лесно да се проверат, но ова е се уште неконтролирано во многу индустрии. Луѓе лажат за својата академска позадина од различни причини, не само поради недостатокот на искуство. Некои го прават тоа затоа што се несигурни во себе.

Работни звања (5%)

Лажни звања одат рака под рака со разубавувањето на описот на работните места, во обид да се направи свежо дипломираните студенти да изгледаат “поискусни”. Не мачете се со оваа тактика, бидејќи работодавците можат да препознаат кога кандидатите се китат со лажни промоции.

Постои тенка линија помеѓу истакнување на вашите најдобари карактеристики и лажење, бидејќи работодавците лесно можат да ги увидат лагите.

Еве како да го направите тоа на вистинскиот начин:

Покажете како сте им помогнале на претходните работодавци во заштеда на ресурси или пари

Дури и ако тоа е само мала заштеда – како поевтин снабдувач или како оптимално да се користат средствата за работа – нешто што ќе ве опише како заштедувач на пари.

Нагласете ги задачите и проектите надвор од описот на работата

Тоа ќе покаже дека имате иницијатива да работите на задачи надвор од вашиот опис на работа и дека сте тимски играч.

Блеснете во центарот на вниманието со своите потенцијали

Нагласувајќи ги вашите достигнувања и она што можете да го постигнете во следните неколку месеци или години, ќе го привлече вниманието далеку повеќе од професионалната историја. Можете лесно да го направите тоа со потенцирање на претходната пракса, волонтерска работа со моќни зборови како што се: доброволно, истражував, анализирав, промовирав…

Покажете континуирана едукација наместо лажно образование

Со самото тоа што сте учествувале во работилници или сте оделе на курсеви покажувате континуирана едукација. Дури и ако не сте ја совладале вештината, земањето на тие курсеви сепак покажува голема иницијатива за учење на нови работи.

Цитирајте ги објавените трудови

Предметот на вашиот труд можеби нема да влијае за да ја добиете посакуваната работа, но вашето истражување и аналитички вештини ќе бидат забележани. Истото важи и за другите проекти на коишто сте работеле.