Најди што бараш, кажи што мислиш на www.getlokal.mk

68

Корисниците на различни производи и услуги ги споделуваат своите искуства и коментари кои на сите останати им помагаат да направат најдобар избор.

Getlokal е идеален медиум за да го пронајдете она што го барате. Може да дознаете каде да најдете највкусна пица во градот, најдобар кафе бар во ваша близина, или место за забава преку викенд. Со главен фокус на социјалниот живот и стилот на живеење, веб-сајтот е за сите што знаат дека најдобрата одлука за избор се носи преку споделени искуства, совети или препораки.

Компаниите исто така може да станат членови на GetLokal и директно да контактираат со потрошувачите. Веб-сајтот е одлична можност компаниите да развиваат релации со локалните жители, но и луѓето од одалечените средини, било да се работи за постоечки или потенцијални клиенти за нивните производи и услуги.

GetLokal е нов производ на R3 Infomedia (издавач на информаторот Златна книга), развиен во партнерство со веќе постоечките и успешени веб-страни од регионот- бугарската www.getlokal.com  и романската www.getlokal.ro.  Ги има истите карактеристики, и содржи верзии на македонски и англиски јазик.