Најдобри млади научници во светот

83

Светскиот економски форум објави листа на 25 млади научници, кои се избрани врз основа на нивните достигнувања и практичната примена на науката во различни делови од општеството.

“Секоја година Светскиот економски форум избира група од извонредни научници кои имаат помалку од 40 години кои придонесуваат за поместување на границите и пасијата за интегрирано научно знаење во општеството за доброто на сите“, стои на почетокот на листата.

На листата, Class of 2020 Young Scientists, има научници од сите делови на светот: осум од Европа, седум од Азија, шест од Америка, двајца од Јужна Африка и исто току од Блискиот Исток. Повеќе од половина од овие млади и перспективни научници се жени.

Некои од нив се:

Целест Керут од Швајцарија – развива нов систем на квантен компјутер

Џој Грув од Велика Британија – истражува како вирусите влегуваат во човековите клетки и го одбегнуваат имунолошкиот систем

Мајн Орлу од Велика Британија – дизајнира фармацевтски и здравствени услуги прилагодени на потребите на пациентите, што водат до здраво и независно стареење во животот

Мајкл Салиба – развива евтини, стабилни и високоефикасни соларни ќелии.

Фото: Freepik