Најдобро платениот банкар заработува…

33

Извршниот директор на американската инвестициона банка, Morgan Stanley, Џејмс Горман, минатата година успеа да заработи 33 милиони долари, додека една година претходно платата му била 27 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Шефот на конкурентната банка, JP Morgan Chase, Џејми Дајмон, минатата година инкасирал околу 31,5 милиони долари. За другите челници на големите банкарски корпорации, не се знаат платите добиени во текот на минатата година.

Кога се анализира заработката на Горман, таа изгледа од прилика вака: 1,5 милиони долари основна плата, бонус во готовина 7,8 милиони долари и награда во вид на акции од 24 милиони долари. Под негова управа, банката минатата година забележа рекордни финансиски резултати, а како “шлаг на тортата“ е нето добивката од 11 милијарди долари, што претставува раст од 22%. Годишните приходи на Morgan Stanley достигнаа 48,2 милијарди долари, што претставува пораст за 16%

Фото: Freepik