Најевтини дестинации за одмор – две во регионот

256

Секоја година, британскиот PostOffice разгледува на кои дестинации можете да добиете најмногу за вашите пари. Годинава тие истражуваа 36 дестинации ширум светот и ги споредија цените на оброците, пијалоците и другите основни намирници кои туристите вообичаено ги купуваат во странство.

Резултатите од истражувањето покажаа дека најисплатливи дестинации се Турција и Бугарија. Цените се достапни во двете земји, но падот од 37 отсто во Мармарис сепак го става на прво место пред Сончев Брег.

На трето место е Алгарве во Португалија, потоа Кејп Таун во Јужна Африка,  Пафос (Кипар) кој скокна од 11-то на петтото место, Коста дел Сол (Шпанија), Момбаса (Кенија), Фуншал (Португалија), Слиема ( Малта), Орландо (САД), Прага (Чешка), Ланзароте (Канарски Острови) и Гранд Баје (Маурициус).

Хрватска (Пореч) е на 17-то место, а Грција (Крф) на 18-то место.

Најскапата дестинација останува Рејкјавик на Исланд, а потоа следуваат Барбадос и Дубаи. Сите три места бележат пораст на цените од над 20 отсто во однос на минатогодишното истражување.