Најголем пад во историјата – Скандинавска земја во длабока рецесија

91

Норвешкиот бруто домашен производ падна во вториот квартал на 2020 година со највисока стапка регистрирана досега.

Итните вонредни мерки за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот ја втурнаа земјата во најдлабока рецесија во својата историја, покажаа најновите податоци од Националното биро за статистика, пренесува Reuters.

Економијата во континенталниот дел на Норвешка, која го исклучува производството на нафта и гас, во периодот од април до јуни се намали за 6,3 % во однос на претходниот.

“Падот на норвешката економија во вториот квартал е најголем во историјата, односно од 1978 година, кога почнаа да се чуваат квартални записи за движењето на БДП“, соопштија од Националното биро за статистика.

Ова е втор последователен квартален пад на БДП во Норвешка во тековната година, откако во првиот квартал се намали за 2,2 %, што значи дека земјата влезе во длабока рецесија.

Фото: Pixabay