Најголемата пловечка соларна електрана во Јапонија

35

kyocera

По разорниот земјотрес и цунамито што го погодија брегот на Јапонија во март 2011 година, земјата одлучи да го зголеми нивото на производство на енергија од соларни системи. За таа цел, јапонскиот произведувач на електронски уреди Kyocera постави 70 MW соларна електрана на јужниот брег на Јапонија, проект вреден 280 милиони долари.

Електраната, најголема во Јапонија, покрива површина од 1,27 милиони метри квадратни, на која се сместени 290.000 фотонапонски панели. Во рамките на електраната изграден е и центар за посетители, каде што можат да се добијат сите потребни информации за производство на енергија од обновливи извори и нејзиното влијание врз околината и климатските промени.

Изградбата на проектот почна во јули 2012 година, а почетокот на производство на електрична енергија започна во ноември годинава. Струјата што се произведува е доволна да се задоволат потребите на 22.000 домови.

kyocera 1