Најголеми извозници на новогодишни украси и сијалички

61

Овој период од годината го одбележуваат убаво украсените новогодишни елки. Во светот најголем извозник на лампиони и сијалички е Кина, којашто од нив инкасираше 6,47 милијарди долари во 2019-та година.

Кинескиот извоз на новогодишни украси лани достигна вредност од 5,2 милијарди долари, а на сијалички 1,2 милијарди долари, анализира Statista.

Втора во светски рамки се најде Холандија, којашто заработи 362 милиони долари и тоа 303 милиони долари од извоз на новогодишни украси и 59 милиони долари од сијалички. Зад нив се најдоа: Камбоџа (220 милиони долари), Полска (102 милиони долари) и Германија (94 милиони долари).

Фото: Freepik