Најголеми словенечки компании

86

На ранг листата на Финанце Топ 101, најголеми и најбогати компании, словенечкиот фармацевтски гигант Крка беше најголема компанија според ранг листата на Финанце 101 , пред тоа оваа позиција ја имаше Меркатор. Крка минатата година оствари една милијарда евра приходи од продажба и речиси 163 евра добивка. Капиталот на фирмата лани изнесувал 1,1 милијарда евра. Групацијата Петрол е нa петтата позиција , по што се Телеком Словенија и Горење.

На раг листата на Финанце Топ 101, сликата во Словенија за најуспешните компании и групи е поинаква, оваа година има промени. Според сите критериуми, на прво место е БСХ Хишни апарати. Во прашање е компанија која е дел од меѓународната групација Бош и Сименс, чија мрежа има 42 компании во 13 држави, производител на куќни апарати на моторен погон и други за подготвување на исхрана и пијалаци. Компанијата лани оствари 22,3% раст на продажбата.

Следуваат Групацијата Целје и Ген И која тргува со енергија. Крка е на 15 место, пред Петрол, Телеком Словенија и Меркатор кој е на 44 место, а Горење на 60 место.