Најголеми трговци на ликер во светот

59

За сите љубители на ароматизирани алкохолни пијалаци, Велика Британија е најголем извозник на ликер во светот, покажуваат податоците на Observatory of economic complexity.

Од извоз на ликер, Обединетото кралство инкасира нешто повеќе од седум милијарди долари. Потоа следуваат: Франција (5,3 милијарди долари), САД (1,8 милијарди долари), Мексико (1,5 милијарди долари) и Германија (1,32 милијарди долари).

Како најголеми увозници на ликер, според податоците, се: САД (7,2 милијарди долари), Германија (1,64 милијарди долари), Сингапур (1,4 милијарди долари), Франција (1,2 милијарди долари) и Кина (1,16 милијарди долари).

Фото: Pexels