Најголемиот акционер на Wizz Air продаде половина од акциите

99

Најголемиот акционер на унгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air Indigo Partners продаде околу половина од акциите во таа компанија, пренесува Ројтерс. Акционерот поседуваше 15 милиони акции или 17,5% од акциите. Сега тие поседуваат удел од 8,5%.

Уделот е продаден за околу 555,5 милиони долари, а купувачите се институционални инвеститори.

Акциите на WizzAir потонаа 6,5% на берзата во Будимпешта по овие информации. Indigo Partners е во сопственичката структура на Wizz Air од 2004 година. Основачот на овој приватен фонд  Вилијам А. Франке е исто така претседател на Wizz Air.

Фото: Pixabay