Најголемиот финансиски скандал во историјата: Испрале 200 милијарди евра, а никој не покренал истрага

119

Една финансиска измама од големи размери се заканува да го наруши угледот на Данска. Се работи за перење пари во една од наголемите дански банки, Danske Bank. Целата работа ја има откриено поранешниот директор на филијала во Естонија, Хауард Вилкинсон, кој првично истражувал во банката.

Но, како доаѓа до тоа. Најпрвин Danske Bank ја купи Sampo Bank и најави преселба од Финска во Естонија. Без разлика, во тоа време никој не “намириса“ што поточно ќе се случува во иднина.

Вилкинсон, во Естонија во 2007 година затекнува само двајца вработени во борбата против перење пари. Да биде уште почудно, еден од двајцата работи со скратено работно време. Тогаш, банката почнува да прави сериозни профити и трансакции, а Вилкинсон заклучува дека неговата банка прави неверојатни профити, а уште почудно е што инвеститорите биле непознати. Веднаш тој почнува да работи на случајот и да истражува, по што доаѓа до сериозен заклучок.

Според истражувањето, увидел дека се случува ланец на перење пари во Данска, Естонија, Британија и САД, а дека се вмешани руски пари. Доказите на Вилкинсон, кои ги спакувал и почнал да ги алармира надлежните, некако не ги заинтересирало. Тој открил дека преку трансакции, во вкупно биле “испрани” 200 милијарди евра.

Вилкинсон бил повикан да даде исказ во парламентот, а таму открил дека од страна на Danske Bank му нуделе финансиски надоместок за да молчи.

После толку години постојано праќање информации и докази, од страна на Danske Bank се јавија дека се во истрага во која не смеат да соопштат повеќе детали, туку само дека 200 милијарди евра поминале преку филијалата во Естонија и тоа пари од Русија и поранешни советски држави.

Според извор на Ројтерс, парите се переле преку естонските подружници на  Danske Bank. Линкот го користеле со соработката на германската Deutsche Bank и американските JP Morgan and Chase и Bank of America. Клиентите парите ги конвертитале во американските долари и така успеале да префрлат сериозна сум во временски периодот од 2007 година до 2015 година.

По откривање на скандалот вредноста на најголемата банка во Данска, се намали и сега е на половина од пазарната вредност, а главниот извршен директор мораше да поднесе оставка.

Последната изјава на Вилкинсон дефинитивно ги заплетка работите. Тој потврди дека тешко ќе биде да се открие и да им се влезе во трага на парите.

“Веќе е крај на 2018 година, а ние сè уште зборуваме за перење пари во период од 2007 година до 2015 година. Верувајте, според мене ќе биде тешко да се влезе во трага на овие пари, посебно кога овие пари веќе се скриени од страна на криминалците, ако не и потрошени“, изјави Вилкинсон.