Најголемите британски работодавачи не планираат наскоро да ги вратат вработените во канцеларија

46

Педесете најголеми работодавачи во Велика Британија немаат намера да ги вратат сите свои вработени со полно работно време во канцелариите во блиска иднина, покажа неодамнешно истражување.

Во своето истражување, со кое се опфатени од банки до трговски друштва, BBC ги праша кога имаат намера да ги вратат своите вработени во канцелариите.

Од вкупниот број работодавачи опфатени со истражувањето, 24 компании немаат намера да ги вратат вработените во канцелариите, додека 20 компании ги отворија своите канцеларии за вработените кои немаат услови да работат од дома.

Една од главните причини за одложување на нивното враќање во канцелариите е тоа што компаниите не наоѓаат начин да примат голем број на вработени додека ги почитуваат пропишаните мерки за задолжително физичко растојание.

Многу компании, особено во банкарскиот и финансискиот сектор, нудат избор и флексибилност на вработените во случај да сакаат да се вратат во канцелариите.

Неколку компании веќе објавија дека немаат намера да се вратат во канцелариите до доцна есен, додека Facebook соопшти дека нема планови да ги врати своите вработени до јули 2021 година. Некои помали компании, од друга страна, решија во целост да ги напуштат канцелариите.

Фото: Pixabay