Најголемите извозници од БиХ се и најголеми увозници

17

izvoz uvoz

Најголемите увозници во БиХ со години наназад главно се и нејзини најголеми извозници, што негативно влијае врз вкупната стуктура на економијата, оценуваат економските аналитичари, пишува Независне новине.

Мислењето на експертите го потврдуваат податоците на Управата за индиректно оданочување на БиХ, според кои исти фирми се појавуваат како лидери и на страната на увозот, и на страната на извозот. Така, меѓу десетте извозници – увозници се наоѓаат Оптима група, Превент, Глобал испат – коксна индустрија, ArcelorMittal, Алуминиј и Фабрика за обувки Спортек.

Сето ова, според економистите, упатува на фактот дека БиХ нема доволно репроматеријали за производство и принудена е да ги увезува, па потоа да ги преработува.

Податоците покажуваат дека БиХ најмногу увезува сирова нафта и гориво, а извезува делови за автоиндустријата и ниско обработени сировини од областа на рударството.

Кои се најголемите 10 извозници и увозници во БиХ, прочитајте тука.