Најинтересните говорници на овогодинешниот Golden Drum фестивал

44

ЛЏБТКИА+ рекламирање – растечка толеранција или само “фарбање со боите на виножитото“?

Од печатење на списание со ХИВ позитивна крв до пренесување на дискусијата во концентрационен логор, Џејсон Ромејко, светскиот извршен креативен директор на Serviceplan, веќе долго време го користи своето влијание за целите на LGBTQIA + заедницата. Во време кога многу брендови се обвинети дека ја користат Заедницата за маркетинг цели, тој сака да провери дали е тоа што им помагаме или им наштетуваме на луѓето што работата се обидува да ги истакне.

На сцената ќе му се приклучи неговиот клиент и пријател, Џулијан Вил, главен извршен директор и основач на магазинот Vangardist и уникатниот Лејди Бани, мултиталентиран drag артист и диџеј.

Џејсон Ромејко е раскажувач на приказни низ неколку различни платформи. Тој помина 23 години шетајќи низ светот пред да се приклучи на групацијата Serviceplan во 2016 година како светски извршен креативен директор. Од Grand Prix па сѐ до Bronze, Ромејко има освоено преку 500 признанија за неговата работа, меѓу кои и Наградата за спот на годината на MTV Music Awards за видео-спотот за Firework на Кејти Пери. Во 2016 година тој ја освои и наградата за “Креативен директор на годината“.

Џулијан Вил го основаше магазинот Vangardist , кој подоцна успеа да се стекне со светска слава. Во 2018 година, Вил беше избран за “Онлајнер на годината“ во Австрија за неговата работа во издавачката индустрија, а истата година го основаше и Future Ball – настан наменет за визионерите за иднината од уметничката до технолошката индустрија. Во април 2019 година, Ромејко и Вил имаа уште една успешна соработка, кога го организираа првиот AI брак помеѓу Siri и Alexa, прославувајќи ја различноста на Euro Pride Vienna 2019.

Мултиталентираниот drag артист Лејди Бани е успешна комичарка, диџеј, актерка, пејачка/текстописец и емси, како и креатор на Wigstock – неверојатниот фестивал на drag и музика. Во последните неколку години, Лејди Бани искажа голем интерес за политички и социјални прашања. Талентирана, гламурозна и исклучително смешна, Лејди Бани е светкава комета која забрзано ита према планетата на шоу-бизнисот.

Дознајте повеќе: https://goldendrum.com/program/event/discussion-lgbtqia-advertising-growing-tolerance-or-rainbow-washing

Луј Ротгер зборува за редефинирање на виртуелната реалност

Редефинирањето на виртуелната реалност и нејзиниот ефект на човештвото ќе биде темата на говорот на Луј Ротгер, кој доаѓа на местото на Луис Кастиљо. Луј е мултидисциплинарен создавач на неочекувани, но корисни нешта, кој направи многу работи пред да почне да го прави она што навистина сака. Неговото патување започнува на 21-годишна возраст, кога стана коосновач на негово сопствено креативно студио во Барселона. Изминатите четири години тој ги помина во Прага, каде што работeше како соработник креативен директор во Havas Worldwide и Geometry.

Запознајте се со Луј: https://goldendrum.com/program/event/talk-redefining-virtual-reality

Учествувајте во промената со само еден клик!

Уште само две недели нѐ делат од почетокот на 26-тото издание на фестивалот Golden Drum. Сѐ уште имате време да го резервирате вашето место и да бидете дел од промената предводена од креативност! Не ја пропуштајте оваа единствена можност да слушнете некои од реномираните експерти од различни полиња и нивната уникатна гледна точка на Креативност за промена, како и да ја искористите предноста која ви ја нуди специјалната понуда на Mastercard. Еден од говорниците ќе биде и Крешимир Мацан, комуникациски консултант и сопственик на агенцијата Manjgura и хрватски амбасадор на Golden Drum, кој ви посакува топло добредојде на фестивалот.

https://goldendrum.com/en/speakers/kresimir-macan

Станете дел од промената: https://goldendrum.com/delegates/delegates-fees-payment