Најлуксузната модна недела ќе биде виртуелна

35

Париз на почетикот на јули е зафатен поради одржување на најлуксузната недела на висока мода. Хотелите се полни со гости кои работат за модната индустрија и новинари, а париските споменици и историски места се претвораат во модни писти.

Но, поради пандемијата со коронавирус, врвните дизајнери неделава своите haute couture (висока мода) колекции ќе ги претстават на интернет модни излози, настојувајќи на тој начин да ги задржат богатите клиенти.

Од Christian Dior до Valentino, модните брендови работеа на своите колекци за да ги претстават на дигиталните платформи од шести до осми јули. По проценка на здружението на haute couture брендови, модната недела во Париз годишно носи околу 1,2 милијарди евра.

Фото: Facebook