Најплатени ѕвезди во светот според Forbes

53

Најплатените ѕвезди во светот имаат “заедничко“ богатство од 6,1 милијарда долари пред оданочување, што е за 200 милиони помалку во однос на 2019 година, анализира американскиот магазин Forbes.

На врвот на оваа листа на најплатени познати личности се најдоа Кајли Џенер и Кание Вест, кои имаат богатство од 590 и 170 милиони долари. Џенер се најде на оваа листа благодарение на зделката со којашто продаде 51% од акциите од својата на козметичката компанија Coty во јануари оваа година. Кание успеа да го заработи своето богатство најмногу преку договорот со Adidas.

Три стриминг компании одвоија 300 милиони долари за ѕвезди како што се Рајан Рејнолдс (71,5 милиони долари), Били Ајлиш (53 милиони долари) и Џери Сајнфилд (51 милион долари), а на Netflix отпаѓа повеќе од една третина од износот.

Од листата на 100 најплатени познати личности според Forbes, ние ги одвојуваме првите 10:

Кајли Џенер – 590 милиони долари

Кание Вест – 170 милиони долари

Роџер Федерер – 106,3 милиони долари

Кристијано Роналдо – 105 милиони долари

Лионел Меси – 104 милиони долари

Тајлер Пери – 97 милиони долари

Нејмар – 95,5 милиони долари

Хауард Стерн – 90 милиони долари

Леброн Џејмс – 88,2 милиони долари

Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари

Фото: Freepik