Најскап стан во Белград платен 9.124 евра за квадрат

284

Најмногу пари за стан во Србија во првата половина на годината се издвоени за комплексот Белград на вода, во износ од 1.380.888 евра, соопшти Републичкиот орган за геодети на Србија.

Најскапиот квадрат во Србија во првата половина на 2020 година беше, исто така, во Белград на вода, а чинеше 9.124 евра. Првите 40 најскапи станови, по единечна цена, беа продадени во Белград на вода.

Кога станува збор за старите згради, највисоката цена на метар квадратен е платена 3.737 евра за стан во Стари град, а најмногу пари во износ од 810.000 евра се платени за стан со пет соби, исто така, на територијата на таа општина во Белград.

Фото: Facebook