Најскапи цени на горивото во историјата во Хрватска

38

Во Хрватска, цените на горивата повторно пораснаа значително. Просечниот резервоар од 50 литри дизел е дури 19 и пол куни (2,6 евра) поскап, четири и пол евра треба да се издвојат за резервоар бензин, додека нешто повеќе од четири и пол евра повеќе се издвојуваат за гас, отколку пред зголемувањето на цената.

„Од полноќ ќе плаќаме за најскапото гориво во историјата. Сето ова е последица на движењето на цените на нафтата на светските пазари и се прелеа на медитеранската берза. За жал, тие црни предвидувања за кои зборувавме се остварија. Се започна силно по корона-кризата и „локдаунот“, потрошувачката драстично се зголеми, така што имаше раст на цената на сите нафтени деривати – вели Тин Бачиќ за „ХРТ“.

Цените на светскиот гас, електрична енергија и гориво се зголемуваат веќе подолго време. Хрватската влада нема прецизен одговор за намалувањето на трошоците, кои заедно со даноците ја оптоваруваат цената на горивото за околу 60 проценти.

Иако цените на горивата вртоглаво се зголемуваат, министерот за економија Томислав Чориќ вели дека не размислува да ги намали.

„Цената на гасот за домаќинствата ќе биде на ова ниво до следната година, Хрватска во ова време и во однос на електричната енергија и гасот за домаќинствата, ужива во ситуацијата што цената е непроменета и ќе биде таква во наредните месеци, за разлика од целата на Европа“, рече Чориќ.

Министерот за финансии Здравко Мариќ, пак, смета дека даноците не се неприкосновени.

„Во овој момент, јас ниту би потврдил ниту отфрлам некоја од опциите. Ќе видиме како ќе се развиваат работите и какви ќе бидат препораките на Европската комисија, какво ќе биде однесувањето на другите земји, така што и ние нема да отстапиме“, рече Мариќ.