Најскапи градови за живот во време на пандемија

40

Азија и понатаму е најскапото место за живот на светот за богати луѓе, се наведува во извештајот Global wealth and lifestyle на Bank Julius Baer.

Шангај е на врвот на листата на 25 светски градови што се прогласени за најскапи места за живот за богаташи.

Европа и Блискиот Исток се зад Азија кога станува збор на најскапи региони за живот за богаташи, додека Северна и Јужна Америка, се тешко погодени со пандемијата, важат најевтини региони за оние со луксузен животен стил.

Меѓу 25-те светски градови се најдоа: Токио, Хонгконг, Монако, Тајпеј, Цирих, Париз, Лондон, Сингапур, Њујорк, Бангкок, Дубаи, Милано, Сиднеј, Барселона, Манила, Франкфурт, Москва, Мајами, Џакарта, Сао Паоло, Мумбај, Мексико Сити, Ванкувер и Јоханесбург.