Најскапиот шампањ во светот чини 1,97 милиони долари

36

Производител на луксузни шампањи го создаде досега најскапото шише од овој пенлив пијалок, откако го изгравира своето лого со 19 каратен дијамант вреден неверојатни 1,97 милиони долари.

Логото во стилот на Супермен, Goût de Diamants’, е рачно изработено од 18 каратно чисто злато и се наоѓа на местото каде што обично стои Сваровски кристал.

gout-de-diamants-brut-diamond-most-expensive-champagne1

Луксузното шише шампањ беше изработено по нарачка на анонимен клиент. Етикетата на шишето е исто така издлабена од 18 каратно чисто, бело злато со името на клиентот.

Одговорен да го креира екстравагантниот изглед на шишето беше Александар Амосу, кој е познат и по украсување на поинакви предмети како телефоните iPhone и BlackBerry.

Gout-de-Diamants-Champagne

Внатре во шишето Goût de Diamants Brut Diamond, се наоѓа микс од Гранд Кру Шардоне, Пино Ноар и Пино Mуние, што нуди цветна, освежувачка и кремаста текстура со лесен и елегантен финиш, вели производителот.