Најскапите додатоци за коса

24

Секоја жена сака да биде убава од глава до пети, од средени нокти, дизајнирана облека, чевли, чанти, па се до модни додатоци, како гердани, бразлетни… Оваа листа е составена од најскапите додатоци за коса кои некогаш биле направени. Погледнете кои се тие:

5. Natalie K Diamonds – чешел, еден милион долари

Natalie-K-1mil-hair-accessory-worn-to-oscars-by-Kimmora-Lee-Simmons

Чешелот на поранешниот модел Кимора Ли Симонс е направен од Natalie K. Diamond, со помош на дизјанерот Роџер Нил специјално за доделувањето на Оскарите. Овој чешел е наjскапиот додаток за коса кој некогаш се носел на гламурозното доделување на Оскарите.

4. Круна за Мис Русија 2010, повеќе од еден милион долари

russiacorwn

Во 2010 година, Мис Русија беше најсреќната жена бидејќи ја носеше најскапата круна која некогаш е направена за изборите за убавина. На круната има 2.358 дијаманти и 14 ретки бисери.

3. Тијара од смарагди и дијаманти – 12,7 милиони долари

Emerald-and-Diamond-Tiara-set-in-platinum-German.

Во 1900 година, тијарата од смарагди и дијаманти и била подарена на Кетрин, втората жена на германскиот принц Гидо. Оваа тијара била и во сопственост на сопругата на Наполеон трети. Тијарата има 11 полирани во бисерна форма смарагди, кои вкупно имаат околу 500 карати.

2. Тијара со жолти дијаманти, 335 милиони долари

131206_DOONAN_OnePercent-Tiara1.jpg.CROP_.original-original1 (1)

Тијарата е содзадена и дизајнирана од Tiffany & Co. Тијарата има двојна намена, жолтите дијаманти кои се на неа можат да се носат и само како бразлетна.

1. Украс за коса на Лоренс Граф, 500 милиони долари

Primary-photo-for-article1

Ова е всушност подновена верзија на фризурите за коса кои се носеле во 70-те години на минатиот век, а Лоренс Граф со создавањето на овој накит го прославил своето 60 годишно постоење. Украсот за коса е составен од 22 дела.