Најскапите предмети што ги купиле милијардери

89

Со пари може да се купи скоро сè, а кои се најскапите предмети во светот што им го привлекуваат вниманието на богатите луѓе? Меѓу нив најчесто има уметнички дела, накит, облека, декорации, скапоцени часовници, автомобили, јахти и недвижнини.

Па така, најскапата јахта во светот што чини 4,5 милијарди долари е во сопственост на малезискиот бизнисмен и милијардер, Роберт Кук. Во јахтата се вградени злато, платина и други скапоцености.

Најзначајната слика од периодот на ренесанса е делото Салвадор Мунди на Леонардо да Винчи, што го купи саудискиот принц Бадер бин Абдулах бил Мохамед Фрахан ал Сауд на јавна аукција за 450 милиони долари, пренесува Спутник. Вредноста на делото се зголемува бидејќи сликата исчезнала во 1763-та година, а потоа е пронајдена во 90-тте години од минатиот век.

The Graff Diamond Hallucination е најскапиот часовник во светот, во којшто има скапоцен накит. Комбинација од аристократија и елеганција, овој часовник чини околу 55 милиони долари, што е слично колку и голема луксузна вила на Беверли Хилс. Часовникот го дизајнирал Лоренс Граф, претседател на компанијата Graff Diamonds, а во него има 110 видови на ретки дијаманти, што го прават посебен и толку скап.

Најскапата нараквица во светот е Diamond Panther, којашто чини 12,4 милиони долари е се смета за најелегантно парче накит што некогаш е направен. Нараквицата е изработена во 1952-ра година од оникс и дијаманти, во форма на пантер што се протега.

Фото: Pexels