Најсреќниот град во светот се наоѓа во Европа

224

Компанијата за патувања IVisa направила истражување за тоа кои се најсреќните градови на светот. За да дојдат до рангирањето, земале во предвид пет критериуми: очекуван животен век, број на сончеви часови, работно време, трошоци на живот и љубезност на локалното население.

Првото место според наведените критериуми го зазема Лисабон. Главниот град на Португалија годишно има дури 2801 сончеви часови, населението во просек работи 31 час неделно, а втор е по љубезност на населението.

На второто место е Барселона, во која во просек се живее 84 години, а неделно се работи дури еден час помалку отколку во Лисабон. Атина е на третото а Рим на четвртото место. Петтото место го зазема Сиднеј, а десетте најдобри се затвораат со Мадрид, Торонто, Сан Хозе, Истанбул и Бангкок.