Најубавите острови во Европа според Travel+Leisure за 2020 година

365

Специјализирано списание за патување, Travel+Leisure и оваа година направи листа на најубавите европски острови.

Интересна е целосната превласт и доминација на грчките острови, од кои дури седум се најдоа во топ 20, а на листата се наоѓа и еден хрватски остров којшто се најде на петтото место – Хвар.

Читателите на списанието го прогласија грчкиот остров Парос за најубав европски остров. Оваа титула, Парос ја освоил поради комбинацијата од прекрасни плажи, традиционална архитектура, сликовити села, археолошки наоѓалишта и богат ноќен живот.

1. Парос, Грција

2. Милос, Грција

3. Сицилија, Италија

4. Азорски острови, Португалија

5. Хвар, Хрватска

6. Крит, Грција

7. Искја, Италија

8. Мајорка, Шпанија

9. Мадеира, Португалија

10. Родос, Грција

11. Санторини, Грција

12. Оркни Острови, Шкотска

13. Остров Шетланд, Шкотска

14. Гозо, Малта

15. Сардинија, Италија

16. Канарски острови, Шпанија

17.Скај и Хебридите, Шкотска

18. Крф и Јонските острови, Грција

19. Капри, Италија

20. Миконос, Грција

Фото: Pixabay