Највисоката плата во Црна Гора лани била колку 145 просечни плати

17

Најголемата исплатена нето плата во еден месец во Црна Гора во 2020 година, била во износ од 76.427 евра, а примил лозар, покажуваат податоците.

Тоа е еднакво на 145 просечни плати во земјата, коишто лани се движеле од 520 до 527 евра, односно минимална од 222 евра.

По оваа пресметка, граѓаните на Црна Гора со просечни примања би требало да работат 12 години за да го заработат овој износ, а оние со минимална плата дури 28 години, наведуваат црногорските медиуми.

“Најголемата нето заработка исплатена за пресметковниот период од јануари до декември 2020 година изнесувала 76.427,23 евра (бруто износ со пресметан данок и придонеси од 114.070 евра), а е исплатена на резидент вработен во дејност одгледување грозје“, велат од тамошната Управа за приходи.

Се претпоставува дека тие пари се од продажба на грозје или виона и дека сè е наплатено одеднаш. Доколку овој износ би се поделил на 12 месеци, тогаш платата на лозарот би била 6.368 евра, со што повторно ќе биде една од највисоките плати во Црна Гора.

Фото: Pexels