Најздрави места за живот во светот – има и два града од поранешна Југославија

292

Пандемијата сите нè научи една работа, а тоа е колку е важно здравјето. Порталот money.co.uk направи листа на најздравите места за живот во светот, а на листата од 40 се најдоа и два града од поранешна Југославија.

При анализата предвид се земаат неколку фактори како што се: очекуван животен ве, трошоци за здравствено осигурување, загадување на воздухот, стапка на гојазност на населението, безбедност и сончеви часови.

Лидер на листата е шпанскиот град Валенсија, а меѓу 10-те најздрави места за живот се и: Мадрид (Шпанија), Лисабон (Португалија), Виена (Австрија), Канбера (Австралија), Тел Авив ( Израел), Токио (Јапонија), Хаг (Холандија), Љубљана (Словенија) и Цирих (Швајцарија).

Меѓу 40-те најздрави места за живот, освен Љубљана, се најде и Загреб (28-мо место), со што тие се единствени претставници од земјите на поранешна Југославија.

Фото: Freepik