Намален бројот на издадени одобренија за градење

22

Во септември оваа година се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.988.722.000 денари, што е за 3% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (57%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11,7%) за објекти од нискоградба и 67 (31,3%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 214 објекти, на 140 (65,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 (34,6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 176 станови, со вкупна корисна површина од 20.383 метри квадратни.

Фото: Pixabay