Намален бројот на издадени одобренија за градење во мај

12

Во мај оваа година се издадени 186 одобренија за градење, што е за 4,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.397.718.000 денари, што е за 24,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 128 или 68,8% се наменети за објекти од високоградба, 23 односно 12,4% за објекти од нискоградба и 35 т.е. 18,8% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 186 објекти, на 137 односно 73,7% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 објекти т.е. 26,3% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 332 станови со вкупна корисна површина од 28.748 метри квадратни.