Намален бројот на издадени одобренија за градење во ноември

16

Според податоците на Државниот завод за статистика во ноември 2019 година се издадени 243 одобренија за градење, што е за 16,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.469.671.000 денари, што е за 16,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (59,7%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (11,5%) за објекти од нискоградба и 70 (28,8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 243 објекти, на 160 (65,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 83 (34,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 786 станови, со вкупна корисна површина од 54.775 метри квадратни.

Фото: Pexels