Намален бројот на превезени патници со автобуси

29

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 16.492.000 во првото тримесечје од 2020 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16,9%, во приградскиот превоз за 16,3%, во меѓуградскиот превоз за 19,6%, а во меѓународниот превоз за 33,2%.

Во првото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 25,7%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,1%, во приградскиот превоз за 40,8%, во меѓуградскиот превоз за 20,1%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 30,5%.

Фото: Pixabay