Намален бројот на работници во индустријата во април

20

Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање од 1,3%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6%, Капитални производи за 1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,8%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, е намален за 4%.

Фото: Freepik