Намален бројот на работници во индустријата во април

22

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот Рударство и вадење на камен во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пад од 0,6%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 1,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2019 година, во однос на април 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 5,4%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – април 2019 година, во однос на периодот јануари – април 2018 година, е намален за 0,1%.