Намален бројот на работници во индустријата во август

12

Бројот на работници во индустријата во август, во однос на истиот период лани, е намален за 1,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 1,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3%, Капитални производи за 8,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, е зголемен за 0,6%.