Намален бројот на работници во индустријата во декември

51

Намален бројот на работници во индустријата во декември 2020 година, во однос на истиот период во 2019 година, за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање од 3,8%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6%, Капитални производи за 0,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, е намален за 4,6%.

Фото: Freepik