Намален бројот на работници во индустријата во декември

15

Бројот на работници во индустријата во декември лани, во однос на истиот период претходната година, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 1,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7%, додека пораст бележи кај Енергија за 1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%, Капитални производи за 5,4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на периодот јануари – декември 2015 година, е зголемен за 0,1%.