Намален бројот на работници во индустријата во февруари

47

Бројот на работници во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 6,7%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8%, Капитални производи за 2,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, е намален за 3,8%.

Фото: Pexels