Намален бројот на работници во индустријата во ноември

10

Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи пад од 2,9%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 2,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2,8%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 2,6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари − ноември 2019 година, во однос на периодот јануари − ноември 2018 година, е намален за 1,5%.