Намален бројот на работници во индустријата во ноември

142

Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање од 1,8%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7%, Капитални производи за 1,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2020 година, во однос на периодот јануари – ноември 2019 година, изнесува 95,3.

Фото: Freepik