Намален бројот на работници во индустријата во ноември

9

Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст од 3,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%, додека пораст бележи кај Енергија за 3%, Капитални производи за 4,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на периодот јануари – ноември 2015 година, е зголемен за 0,2%.