Намален бројот на работници во индустријата во октомври

9

Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи пораст од 3,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7%, додека пораст бележи кај Енергија за 3,1%, Капитални производи за 4,3% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на периодот јануари – октомври 2015 година, е зголемен за 0,3%.