Намален бројот на работници во индустријата во септември

8

Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 2,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,2%, додека пораст бележи кај Енергија за 2,4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7%, Капитални производи за 7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на периодот јануари – септември 2015 година, е зголемен за 0,5%.