Намален бројот на туристи во март

22

Бројот на туристи во март оваа година 36.160, а бројот на ноќевања изнесува 75.150. Бројот на туристи во месец март, во однос на истиот период лани, бележи намалување од 0,4%, додека кај ноќевањата е забележано намалување од 4,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13,5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,8%.

Во периодот јануари – март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4,6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8,4%, а кај странските има зголемување за 14%.

Во периодот јануари – март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12,4%, а кај странските има зголемување за 9,6%.