Намален бројот на туристи во октомври

14

Бројот на туристи во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,7%, додека бројот на ноќевања е помал за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во октомври 2015 година изнесува 61.655, а бројот на ноќевањата изнесува 142.503.

Бројот на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, е намален за 6,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 3,5%.

Во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10,1% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,7%, а кај странските има зголемување за 14%.

Во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 8,4% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,6%, а кај странските има зголемување за 12,5%.