Фото: Pixabay
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2017 година е за 0,5 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2016 година е зголемен за 2,7 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2017, во однос на јануари 2017 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готови производи се намалени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на февруари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе остане речиси ист.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2017 година изнесува 65,1% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21,8%, недоволната домашна побарувачка со 19,9% и недостигот на квалификувана работна сила со 18,3%.