Фото: Pexels
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2018 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2017 година е зголемен за 1,6 процентни поени, се наведува во најновиот извештај на Државниот завод за статистика.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2018, во однос на декември 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на декември 2017 година. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на јануари 2017 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2018 година изнесува 66,5% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 20,6%, недоволната странска побарувачка со 19,8%, недоволната домашна побарувачка со 19.5% и неизвесното економско опкружување со 11,0%.