Намален прометот во индустријата во август

14

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 98,1.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2013, во однос на август 2012 година, бележи опаѓање од 13,0%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4,4%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи опаѓање од 6,7%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2013 година, во однос на август 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 71,8%, Капитални производи за 15,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,1% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,5%.

Индексот на прометот во индустријата во август 2013 година, во однос на јули 2013 година, изнесува 87,5, додека во периодот јануари-август 2013 година, во однос на периодот јануари-август 2012 година, изнесува 105,8.