Намален прометот во индустријата во август

16

Прометот во индустријата во август 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,1%.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август 2016, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 8,4%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 15,8%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст од 8,3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14,3%.

Според главните индустриски групи, прометот во август 2016 година, во однос на август 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13%, Капитални производи за 16,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13%.

Во периодот јануари – август 2016 година, во однос на периодот јануари – август 2015 година, прометот во индустријата е зголемен за 10,8%.