Намален прометот во индустријата во мај

22

Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 36,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,6%, Капитални производи за 57.0%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 35,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 19,8%.

Прометот во индустријата, во мај оваа година, во однос на претходниот месец, е зголемен за 34,7%, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, е намален за 19,8%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 13,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8%, Капитални производи за 16%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 34,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18,1%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, изнесува 105,3, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 95,1.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 56,8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 26,5%, Капитални производи за 57,9%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 39,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 20,4%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2020 година, во однос на април 2020 година, изнесува 153,6, додека во периодот јануари – мај 2020 година, во однос на периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 76.

Фото: Freepik